Заев е последниот транзициски политичар кој ја клекна Македонија и со него нема европска иднина

Соопштение до јавноста, реакција на интервјуто на Зоран Заев.

„ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина и освои повеќе пратеници отколку СДСМ без коалициониот партнер Беса и покрај недемократската атмосфера и масовен поткуп кој екипата на Заев го правеше во текот на кампањата.

Влада на Заев ќе значи дополнително тонење на економијата и распламтување на здравствената криза, нешта со кои тој и СДСМ покажаа дека ниту знаат ниту можат да се справат. ВМРО-ДПМНЕ е партијата која доби поддршка кај народот и која ќе се справува со сите предизвици пред кои е исправена Македонија и народот. Блескањето на Заев ја урниса Македонија, па сме доведени во ситуација државата да нема пари после септември. На тоа мора да се стави крај.

Заев е последниот остаток од транзицијата кој мора да биде поразен, затоа што со таков политичар Македонија нема европска иднина, затоа што истиот е антипод на европските вредности. Покажа во овие три години дека ниту економски успеси немаше, немаше ниту правда, немаше ниту борба против криминалот, туку напротив беше носител на сите порази, неуспеси на Македонија и на крајот на краиштата беше синоним за корупцијата.“

Треба да знаете
Последни објави