Манчестер Сити ја наполни мрежата на Ватфорд

Манчестер Сити убедливо го совлада Вотфорд и го стави во позиција до последното коло да стравува за опстанокот во Премиер лигата. Вечерва во 37. коло „граѓаните“ го демолираа противникот со 4:0.

Само да потсетиме во септември на „Етихад“ беше 8:0, а во мај минатата година во финалето на ФА купот 5:0 за Сити. Очигледно „стршените“ им се омилени на „Граѓаните“ за поправање на голгетерскиот биланс.

Вечерва два гола постигна Рахим Стерлинг, а по еден Фил Фоден и Ајмерик Лапорт.

Сити ќе игра уште со Норич, па потоа ќе се спрема за мечот со Реал Мадрид во ЛШ.

Треба да знаете
Последни објави