Турција мора да прекине со експлоатација на природните ресурси во водите на источниот Медитеран доколку сака да ги подобри односите меѓу Турција и ЕУ, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас.
– Што се однесува до дупчењето на Турција во источниот Медитеран, ние имаме многу јасен став – меѓународното право мора да се почитува, така што напредокот во односите ЕУ-Турција е можен само ако Анкара прекине со провокации во тој дел на Медитеранот, рече Мас за време на посетата на Атина.
Минатата недела, турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека Турција ќе започне со сеизмичко истражување и дупчење во медитеранските води во согласност со договорот што го потпиша со меѓународно признатата влада на Либија.