Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, денеска во Секретаријатот за европски прашања ја прими донацијата тестови SARS-COVID19 за дијагностицирање на вирусот Ковид-19.
Како што соопшти СЕП, донацијата ја обезбедија претприемачите Лазим Дестани од компанијата „Еколог”, Назми Виќа од компанијата „АББРУЧ AWR” и Ремзи Ејупи од компанијата „Еврокоха”. Тестовите се наменети за Институтот за јавно здравје и ќе бидат веднаш ставени во функција.
Вицепремиерот Османи за време на примопредавањето изрази благодарност до бизнисмените за оваа донација.
– Искрена благодарност до целата бизнис заедница за континуираната поддршка во справувањето со Ковид-19, секако посебна благодарност и за господинот Дестани, господинот Вика, и господинот Ејупи за денешната донација, која претставува значајна поддршка во справувањето со пандемијата, истакна Османи за време на предавањето на донацијата.
Претставникот на донаторите при средбата истакна дека ова е само мал придонес во борбата на државата со светската пандемија, со надеж за поттик на другите претприемачи да се придружат на овие хуманитарни активности.
https://www.facebook.com/bujar.osmani.7/photos/pcb.3141997205892233/3141996852558935/?type=3&__tn__=HH-R&eid=ARDDT1b_VLHWPWR1aRDA8oR-O712ar_0CqxImEgNmG2oSOsjsddCgCqA9VaU3BXj7mji2i7ACVNYjA5Y&__xts__%5B0%5D=68.ARAI3YpmjPQIcRwxlEAoCbYjw1FXxXxVOI4SkKZMBCJIfa7_4m6sea8YjMGN2hkdESGeWS7PhWXwXNOAKhXsbU-l32t86jSWTTSF7MgU9p0lkNUlChaRoHmQXQ62lJC3LFFXvMCKKCE9-kbwoZVeUmxESUvWZwBrFXYoNAoZbnhKlFG50vTtPj7KCJIW0z-F-AHKyBzlTLiCi4hrX_KHh-jweGGbUUVWU-oHsNUKT4PgwLOZEvKInoz4M-OITjtOsVOQxKlGfsR5zv5sywAsI5dXj6gRSZ0pYRAe6KkqmaOSjpVQhXoAh7OjqGt83c8pbEbd-oeCUZzt6uQyVVs3BfOl9g