Разаз: Јордан би можел да поддржи израелско-палестинска држава

Премиерот на Јордан, Омар Разаз денеска изјави дека кралството позитивно би гледало на создавање на бинационална држава, која би гарантирала еднакви права на Израелците и Палестинците, доколку предложената израелска анексија на окупираните делови на Западен Брег би ја затворила вратата за решението „две држави”.

Би можел позитивно да гледам на затворањето на вратата за две држави, ако јасно ја отвориме вратата за демократско решение за една држава, изјави Разаз во интервју за „Гардијан”.
Тој додаде дека во Израел никој не зборува за еднонационално решение.

– Тие зборуваат за апархејд во секоја смисла, посочи Разаз.

Меѓународната заедница и палестинското раководство остануваат посветени на решението за две држави по повеќедецениските судири.

Израел ја отфрла идејата за бинационална држава, стравувајќи дека евентуалното палестинско мнозинство би можело да го загрози постоењето на еврејска и демократска држава.

Ветувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ќе анектира една третина од Западен Брег, во согласност со планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блиски Исток, практично се оневозможува воспоставување на одржлива палестинска држава.

Треба да знаете
Последни објави