Пратеничката во заминување Даниела Рангелова, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на ТВ 24 вели дека е нормално, после поразот на предвремените парламентарни избори, Христијан Мицкоски да се повлече од функцијата лицер на партијата.
Лошите политики да останат зад нас, да учиме од грешките, потенцира Рангелова во гостувањето.
-Потребно и најважно е да се демократизира партијата, членовите да имаат право на своето мислење. После ова мое интервју јас ќе бидам масакрирана на социјалните мрежи, но не секој може да го издржи тоа, да дојде и да ја каже вистината, иако знаат дека тоа е реалноста- вели Рангелова.
Грешна проценка на ВМРО-ДПМНЕ, односно на Христијан Мицкоски, вели Рангелова, беше вложувањето во политичката партија Левица.
-Мицкоски мислеше дека Левица ќе биде партијата којашто ќе го говори се она што тој не може да го говори јавно- рече Рангелова.
Ќе бидеме следни победници на локалните избори, вели Рангелова.
Таа рече дека не била активна за време на кампањава, дека никој ниту ја повикал, ја следела како нормален граѓанин. Рангелова вели дека била сосема згрешена кампањата.
-Немаше жар во очите на моите сопартијци. Изгубивме сите членови на ВМРО-ДПМНЕ. Јас мислам дека ВМРО-ДПМНЕ нема нашси да состави влада- рече Рангелова.