Напаѓачот на лидерот во италјанската фудбалска Серија А, Јувентус, Кристијано Роналдо постигна два гола во натпреварот од 34. коло против Лацио (2:1). Според прес-службата на ФИФА, Португалецот бил најбрз во историјата со постигнати 50 голови во Серија А. За ова му беа потребни 61 натпревар.
Роналдо стана и првиот фудбалер кој постигна најмалку 50 гола на првенствата во Англија, Италија и Шпанија.
Покрај тоа, тој стана првиот играч во историјата на Јувентус од 1952 година кој постигна 30 голови во една сезона.