Се затвора магазинот „Кју“ по 34 години постоење

Поп-магазинот „Кју“ (Q Magazine), камен темелник на рок новинарството во Велика Британија, ќе згасне по 34 години постоење, објави Би-би-си утрово.

„Пандемијата го направи своето, и нам не ни преостанува ништо друго“, напиша уредникот Тед Кеслер на Твитер.

Тој, исто така, го сподели уредничкото писмо за последното издание кое треба да излезе на 28 јули. „Морам да се извинам што не успеав да го задржам Кју“, пренесува Би-би-си дел од писмото.

Тиражот на списанието падна на 28.000 месечно од врвот од 200.000 во 2001 година.

Основан во 1986 година од писателите на британскиот поп-магазин „Смеш хитс“, Марк Елен и Дејвид Хепворт, магазинот Кју се појави во исто време со налетот на Цеде-револуцијата. Неговиот сјајен, аспиративен формат беше во совршен склад со времето.

Треба да знаете
Последни објави