„Нема дилема дека СДСМ е во пол-позиција, но тоа не значи дека со сигурност ќе формираат нова влада и тоа не значи дека тој процес ќе оди лесно. Ќе им биде потребно да соработуваат или со ДУИ, што ќе биде прилично незгодно поради изборната кампања и препукувањата или со Алијанса за Албанците и да најдат уште некои пратеници, што ќе биде повторно прилично незгодно“, изјави универзитетскиот професор, Бранимир Јовановиќ за емисијата „Топ тема“.
Според него, нема да биде лесно од ниедна гледна точка.
„Јас мислам дека сепак СДСМ ќе формира влада базирана на една албанска партија. Лошото во таа опција е што ќе биде базирана на тенко мнозинство од 60 и нешто пратеници. Таа влада нема да биде стабилна и затоа ситуацијата не е оптимистичка“, вели Јовановиќ.