ВМРО-ДПМНЕ се прочистува од неславниот багаж, хорските напади под палка на Заев се последниот крик на печалбарите во политиката

Иван Соколов, секретар за дијаспора и координација со Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук им одговори на коментарите на Сашо Мијалков и Никола Тодоров за изборните резултати.

-Очигледно ваквите хорски напади кон ВМРО-ДПМНЕ, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски имаат еден диригент а тоа е Зоран Заев. Исто така очигледно е што ваквите напади доаѓаат во време кога ВМРО-ДПМНЕ прави напори за обезбедување на мнозинство во парламентот што очигледно укажува дека мотивите зад сето тоа се шансите за тоа, мали или големи да бидат упропастени. Клиентелистите во политиката и слугите на Зоран Заев служат за димна завеса да ги покријат неуспесите и да го оттргнат вниманието од вистинските фијаска кои секојдневно и се случуваат во реалноста. Убеден сум дека сите оние слуги на Заев уцените и клекнати на колена кои мора сега да одработуваат за него по кампањата добиваат име и презиме.

Е сега вистинското прашање е каде беа овие три години да кажат збор за штетните политики на Заев, а во исто време се подготвени гласно да коментираат за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ. За нив ова не е никаква борба за принципи, туку борба за спас на криминално стекнатото богатство и купување на слободата. Интересно е како “доктор смрт” и “главната глава на режимот” станаа најпосакуваните ликови на Зоран Заев. Имено ќе потсетам дека господинот Мијалков со државна плата дојде до супер луксузен хотел во центарот на Скопје. Интересно е да одговори која е таа сила која му овозможува закрила и мистериозно ги става во фиока сите предмети кои се отворија против него?! Дали тоа што е најдобар другар со Вице Заев му овозможува купување на слободата. И да не ја залажува јавноста, на Мијалков му е важно ЕУ и НАТО, колку што на Пабло Ескобар му биле важни демократијата и принципите. Добро е што со ваквите хорски напади под диригентската палка на Заев се последниот крик на печалбарите во политиката и што ВМРО-ДПМНЕ се прочистува од неславниот багаж зад себе, напиша Соколов.

https://www.facebook.com/ivansokolovmk/posts/3049989595098132

 

Треба да знаете
Последни објави