Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразиле 15.211.703 лица. Од нив починале 622.368, а оздравеле 9.186.069 луѓе.

Женева – Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Африка надмина 750.000, пренесе Светската здравствена организација. Според  податоците на СЗО, 751.151 лица се заразени од вирусот низ африканскиот континент, од кои 15.721 лица веќе умреле, а 407.461 се сметаат за излечени.

Москва -Во Русија се потврдени уште 5.862 случаи на заразени со новиот коронавирус со што вкупниот број сега е 789.190. За изминатите 24 часа – 165 лица починале од вирусот, вкупно 12.745 луѓе смртни случаи од почетокот на епидемијата. Во изминатите 24 часа, 9.669 лица закрепнале од вирусот, а вкупниот број на оние кои се излекувани достигна 572.053.

Сараево – Во Босна и Херцеговина се потврдени 324 нови случаи на инфекција со коронавирусот, најголем број за еден ден по избувнувањето, според податоците објавени од институциите за јавно здравје на ентитетот. Во изминатите 24 часа, во Федерацијата на БиХ беа тестирани 1209 примероци, а инфекцијата беше потврдена во 190 случаи. Во РС има 134 потврдени случаи на заразени. Најголем број новозаразени има во Сараево и во Бања Лука.

Манила – Министерството за здравство на Филипините соопшти денеска дека има шест нови смртни случаи од вирусот и 1.594 нови случаи на инфекција во таа земја. Седми ден бројот на новозаразени е поголем од 1.000. Од почетокот на епидемијата на Филипините, 1.843 луѓе починаа од коронавирусот, а потврдени се 72.269 случаи.

Будимпешта – Бројот на потврдени случаи на заразени во Унгарија во последните 24 часа е зголемен за 19 – на 4.366. Бројот на смртни случаи останува непроменет – 596. Во Унгарија во моментов има 487 активни случаи на инфекција, хоспитализирани се 76 пациенти, од кои четворица се на респиратор. Најмногу заразени со вирусот има во Будимпешта (2.019).

Љубљана – Нови 29 случаи на заразени со новиот коронавирус се потврдени во Словенија, а едно лице починало. Во Словенија, потврдени се 2.006 случаи на заразени од почетокот на епидемијата, а починале 115 лица. Во болницата се 22 пациенти со коронавирус, од кои двајца на интензивна нега.

Њу Делхи -Во Индија се потврдени уште 37.724 нови случаи на лица кои се заразени со новиот коронавирус, а вкупно се заразени 1.192.915 лица. Индија е трета во светот во однос на бројот на заразени со вирусот, по САД и Бразил. Уште 684 лица починаа со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 28.732.

Тирана -Во последното деноноќие во Албанија се потврдени нови 68 заразени со Ковид -19, закрепнале 66, а починале три лица. Досега во земјата се направени  36.834 тестови, позитивни резултати се добиени кај 4.358 лица, закрепнале 2.463 а починале 120 лица.

Минск – Во последните 24 часа во Белорусија се регистрирани 173 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени се зголеми на 66.521, соопшти денеска белоруското Министерство за здравство. Оттаму наведуваат дека уште шест лица починале од вирусот, односно 513 од почетокот на епидемијата.

Букурешт – Во Романија се потврдени уште 1.030 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број достигна 40.123, соопшти денеска владината Група за стратегиска комуникација (ГЦС). Бројот на умрени,  исто така, се зголеми за 27, така што вкупно досега 2.101 лица умреа во земјата од почетокот на епидемијата, пренесе Аџерпрес.

Подгорица -Во Црна Гора се идентификувани нови 91 случаи на заразени со коронавирус во последните 24 часа, а пријавени се и четири смртни случаи, изјави директорот на Институтот за јавно здравје Бобан Мугоша.

Атина -Во Грција, во изминатите 24 часа регистрирани се три смртни случаи од Ковид-19 и 32 нови случаи, од кои девет при направените тестови на влезните точки во земјата. Од почетокот на епидемијата, заразени се 4.077 лица, а починаа 200.

Никозија – Од 2.465 анализирани тестови во изминато деноноќие на Кипар, не е регистрирани ниту еден нов случаи на Ковид-19.

Баку – Бројот на новозаразени со коронавирус во Азербејџан во изминатите 24 часа се зголеми за 391, на вкупно 28.633, соопшти денеска Кризниот центар. Според Центарот , во текот на претходниот ден умреле девет лица.

Треба да знаете
Последни објави