Претседателот на АА во дипломатска офанзива, средба со евроамбасадорот г. Самуел Жбогар, амбасадорот на Франција г. Кристијан Тимоние и амбасадорот на Германија г. Анке Холстеи Денес, претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села заедно со потпретседателот Елми Азири остварија низа средби со амбасадорите на најважните земји на ЕУ. Претседателот Села се сретна со амбасадорот на Европската унија Самуел Жогар, потоа со амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние и амбасадорот на Германија Анке Холстеи. На средбите се разговараше за изборниот процес, при што беа дадени сериозни забелешки од претседателот Зијадин Села како резултат на организираниот изборен инженеринг од страна на ДУИ. Понатаму се разговараше за судските постапки иницирани од коалицијата „Сега е времето”, жалбите поднесени до ДИК, Вишиот управен суд, итн., како и за најавените протести за понеделник во одбрана на демократијата под мотото Избори ДА крадење НЕ. На средбите беше покажан посебен интерес за идниот состав на владата, како и за факторингот и легитимната улога на коалицијата АА-ААА. На средбата беше истакнато дека демократизацијата на земјата и предизвиците кон членството на земјата во ЕУ, при што претседателот Села ги извести амбасадорите дека владеењето на правото, интеграцијата на земјата во ЕУ, економскиот развој ќе бидат политички приоритети, за да им се обезбе