Адетокумбо: Мојот живот не е ист без кошарката

Актуелниот носител на наградата МВП (највреден играч) во НБА лигата, Јанис Адетокумбо изјави дека се чувствувал непријатно без кошарка за време на паузата во најсилната лига поради пандемијата од коронавирус.

– Се чувствував изгубено некое време. Мојот живот не е ист без кошарката”, рече 25-годишниот крилен играч на Милвоки Бакс.

Пред крајот на сезоната, „грчкиот фрик”, како што го нарекуваат во САД, имаше 29,6 поени (трет во лигата), 13,7 скока (трет) и 5,8 асистенции (23-ти) во просек по натпревар.

Треба да знаете
Последни објави