Али Ахмети повикан да сведочи во Хаг

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, е повикан како сведок од Специјалниот суд во Хаг.

Порталот insajderi.com дознава дека Ахмети бил повикан пред извесно време – дури и пред да се одржат парламентарните избори во Македонија.

Но, според истиот извор, Ахмети одби да патува за време на кампањата и побара неговото сведочење да се пролонгира до денот после изборите.

Сега, откако изборите завршија, се очекува тој да замине во Хаг за да биде сослушан во Специјалното обвинителство.

Ахмети, познат како еден од основачите на Ослободителната војска на Косово, е повикан како сведок, но не може да се потврди дали неговото сведочење се однесува на случајот на косовскиот претседател Хашим Тачи или не.

Тачи веќе заврши со испрашувањето во Хаг.

Специјалниот суд во Хаг во соопштението за минатиот месец објави дека на 24 април поднел обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото против претседателот Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели и неколку други  на кои имињата не се објавени.

Порталот insajderi.com се обиде да контактира со некој од кабинетот на Ахмети за да добие потврда за поканата од Хаг.

Беше контактиран портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, но не беше достапен за порталот.

Истиот портал се обиде да го контактира и Артан Груби, но и тој не беше достапен.

Треба да знаете
Последни објави