Во Хрватска евидентирани 108 инфицирани со коронавирусот и двајца починати

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 108 нови случаи на инфекција со коронавирус, а две лица починале. Бројот на активни случаи е 1127, соопшти хрватскиот министер за здравство Вили Берош на прес-конференцијата на Националниот штаб, додавајќи дека девет лица се на респиратор.

Во последните 24 часа оздравеле вкупно 90 лица.

Во Хрватска нема нови жаришта. Најмногу заболени има во Вуковарско-сремската жупанија, 40.

Како резултат на големи собири се разболеле 234 луѓе, главно на свадби. Околу стотина случаи се поврзани со ноќни клубови.

Треба да знаете
Последни објави