В петок ждрепка за составот на двете ракометни суперлигашки групи

В петок во просториите на РФМ (12 ч.) со директен пренос на официјалниот јутјуб-канал ќе биде извршена ждрепката за распределба на тимовите во двете групи за новата сезона во ракометната Суперлига. Во суперлигашкото друштво сезонава ќе играат вкупно 16 тима, од кои Вардар и Еурофарм Пелистер, ќе се приклучат напролет, во плејоф-фазата  бидејќи ќе играта  во регионалната СЕХА-лига.

Останатите 14 екипи ќе бидат поделени во две групи со по седум учесници кои ќе играат двокружно секој против секогов дма и во гости. На крајот од овој групен лигашки дел првопласираните три екипи од двете групи ќе се пласираат во плејоф-фазата, каде што ќе им се приклучат и Вардар и Е. Пелистер, а екипите кои ќе завршата од 4. до 7. место ќе продолжат во плејаутот.

Во плејофот ќе се игра за титулата – повторно двокружно, дома и на гости – а во плејаутот само првопласираниот екипа обезбедува сигурен опстанок. Вториот ќе игра бараж за опстанок со најдобриот од Прва лига.

Пред ждрепката екипите се поделени во седум барабани, по два во секој. Екипите од ист барабан нема да можат да се паднат во иста група. Поделеноста на екипите во рејтинг барабаните е направена врз основа на пласманот во прекинатата суперлигашка сезона 2019/20.

Барабан 1: РК Металург, ГРК Охрид
Барабан 2: РК Пролет 62, РК Бутел
Барабан 3: РК Радовиш, РК Еурофарм Пелистер 2
Барабан 4: РК Струга, РК Работнички
Барабан 5: РК Астраион Хендбол, ГРК Тиквеш 2014
Барабан 6: Голден Арт КЛ-7, РК Прилеп
Барабан 7: РК Јуниор Кисела Вода, РК Младост Богданци

Треба да знаете
Последни објави