Мајк Тајсон се враќа во рингот во спектакуларен меч

Мајк Тајсон дефинитивно ќе го видиме во рингот. Оваа информација ја потврдија извори кои се блиску до легендарниот боксер, кој за противник ќе го има Рој Џонс Јуниор.

Сите детали се договорени, во следните денови се чека официјална потврда и точниот датум, познато е дека септември ќе биде резервиран за спектакуларниот меч.

Ќе има осум рунди, битката ќе се одржи во САД и нема дилеми дека ќе приблече големо внимание.

Џонс има 51 година, тој се пензионираше пред две години, но борбата со Тајсон ќе го врати во рингот.

Треба да знаете
Последни објави