Пендаровски: Прво консултации со партиите, потоа мандат

Ќе имаме консултации со политичките партии пред доверувањето на мандатот, а консултациите ќе се одржат по конституирањето на Собранието, вели претседателот на државата, Стево Пендаровски, за ТВ21.

-Согласно уставните одредби, мандатот за составот на Владата ќе го довери на кандидат на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието, објаснува Пендаровски за ТВ21.

Според првичните неофицијални резултати, коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.

Треба да знаете
Последни објави