Само уште 10 дена за пријавување на специјализирани обуки за визуелни ефекти, анимација и моделирање со поддршка на УСАИД

Њуменс Бизнис Акцелераторот и тренинг центарот VFX Nest, во соработка со Проектот на
УСАИД за развој на деловниот екосистем и компанијата за филмски визуелни ефекти и 3D
моделирање и анимација – Fx3x, го најавуваат стартот на две високо специјализирани обуки
кои имаат за цел да оформат високо платени и лесно вработливи кариерни профили во
областа на филмската и ТВ индустрија и визуелните уметности.
Со Обуката за Визуелни ефекти за филм учесниците ќе стекнат знаења и вештини за
градење кариера како Артист за Визуелни ефекти и работат на интегрирање на дигитални
елементи во претходно снимени материјали за филм или телевизија, а со Обуката за 3D
моделирање и анимација ќе можат да започнат кариера како CG Артист и да работат на
компјутерски генерирани анимации и симулации, како и AR/VR/Game проекти.
За време на обуките ќе учат од експерти со над 15 години искуство во индустријата со
учество во преку 100 холивудски наслови и ќе работат на практични примери. Артистите во
Fx3x (www.fx3x.com), од каде доаѓаат и најголемиот дел од менторите, досега имаа можност
да работат на филмовите: Terminator, Avengers, James Bond, Fast and Furious, Transformers,
X-Men, Mission Impossible, Spiderman, Hunger Games, Alien, Jason Bourne, Star Wars, Star
Trek, на суперхероите од Marvel и DC Universe и многу други. Секоја година 3-6 филмови на
кои имаат работено добиваат и номинации за Оскар.
За прв пат најголемиот дел од вредноста на обуките е обезбеден од страна на
организаторите во соработка со Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и
компанијата Fx3x. Заинтересираните кандидати кои ќе бидат одбрани за учество ќе треба да
обезбедат само дел од вкупната сума за партиципација во износ од 450 долари, во што е
вклучен и бесплатен кариерен тест, кариерно советување од страна на кариерни советници
и Сертификат, а за најуспешните учесници и можност за вработување во Fx3x, како и работа
на Холивудски проекти.
Програмата оваа година е збогатена и со изучување на нови софтвери и техники на работа
според најновите потреби од индустријата и покриваат изучување, покрај на основите и
изработката на елементи за композитинг, и на напредни техники на целосно интегрирање на
елементите во сликата кај обуката за Визуелни ефекти, а во 3D Моделирање и Анимација
додаваме и техники за обработка на предмети Motion Capture, како и изучување и
апликација на Game Engines: Unity / Unreal и основи на Virtual Reality / Augmented Reality, кои
ќе им овозможат на учесниците висока конкуретност и на поширокиот пазар на труд како во
примарната, така и во сродните дејности.
Кариерни профили со вакви знаења и вештини освен во дигиталните и продукциските
студија, потребни се и на пазарот за дигитални видео игри, како и во маркетинг агенции,
компании кои работат развој на продукти, а и во архитектонската и градежната индустрија.
Двете обуки ќе се реализираат паралелно во времетраење од 420 часа во период од 5
месеци со почеток на 17ти август 2020 година. Повеќе инфо за темите и предметите може да
погледнете на https://www.facebook.com/events/720011865491790/
Аплицирањето е во тек и ќе трае до пополнување на групите, а најдоцна до 31 јули.
Побрзајте и пријавете се на https://forms.gle/i4Q35Er32cVBHcDi8 затоа што преостануваат
само уште малку слободни места. Претходното искуство во областа е предност, но не е
неопходно.

Треба да знаете
Последни објави