Конгресот го изгласа нацрт-буџетот за одбрана во висина од 740,5 милијарди долари

Претставничкиот дом на САД го одобри нацрт-буџетот за одбрана за следната финансиска година (што почнува на 1 октомври) во висина од 740,5 милијарди долари.

„За” буџетот гласаа 295 конгресмени, а 125 се изјаснија „против”.

Нацрт-буџетот предвидува администрацијата да ги интензивира санкциите кон двата руски гасоводи. Кон крајот на декември минатата година, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша Закон за буџетот за одбрана за тековната финансиска година, со која ја задолжи администрацијара да воведе санкции за тие проекти. Сега се предвидуваат дополнителни мерки за странците кои помагаат во изградбата на гасоводите Северен поток и Турски поток.

Нацрт-буџетот предвидува и 3,8 милијарди долари за „Европската иницијатива за ограничување” насочена кон Русија.

Конгресмените одобрија и 3,6 милијарди долари за „ограничување на Кина во Индиски и во Тихи Океан”.

Неколку часа пред да биде усвоен нацрт-буџетот, Белата куќа соопшти дека претседателот Трамп ќе стави вето на некои свои клаузули, меѓу кои и преименување на воените бази и ограничување на употребата на средства за Авганистан.

Во текот на неделата Сенатот ќе се изјасне за нацрт-буџетот за одбрана.

И Конгресот и Сенеатот треба да гласаат за нацрт-буџетот, а потоа истиот ќе биде испратен до претседателто на САД на потпишување. Целиот процес вобичаено трае до есен.

Треба да знаете
Последни објави