Левица: Просечното време на „решавање” на ДИК по секој приговор е дури неверојатни 3 секунди

Левица денеска во 10.30 часот, на триесет минути пред истекот на законскиот рок до архивата на Управниот суд ги поднесе сите тужби против ДИК за сторените изборни нерегуларности, преку кои, според нив, им се украдени тројца пратеници или за околу 500-600 гласа по пратеник!

-Тужбите за поведување управен спор се поднесени врз основа на погрешно утврдена фактичка состојба и погрешна примена наматеријалното право. Сакаме да ја известиме јавноста дека образложенијата на побиваните решенија на ДИК се изработени на „темплејт”, т.е. однапред подготвен шаблон за одбивање, без навлегување во спецификите на секој поединечен случај – што е недозволиво за една државна институција. Истите се штури и банални и изобилуваат со цитирање на неповрзани членови од Изборниот законик, без воопшто да се впушти во материјално расправање за она што беше предочено во приговорите.

Сето ова говори во насока на тезата за аматерското, несериозно и непрофесионално постапување на членовите на ДИК кон проблематиката на предочените изборни нерегуларности! Дотолку повеќе, просечното време на „решавање” на ДИК по секој приговор е дури неверојатни 3 секунди – што е навреда за здравиот разум и за интелигенцијата на секој македонски граѓанин.

За жал, очигледен е фактот дека членовите на ДИК не направиле ни елементарен обид да стигнат до материјалната вистина, за да можат да одлучуваат по наводите изнесени во поднесените приговори од наша страна. Во конкретниов случај не е направен, ниту дозволен никаков увид во изборниот материјал од критичните избирачки места – што е пречекорување на дискреционите овластвуања на ДИК и одбивање да постапат по службена должност, согласно нивните оригинерни надлежности.

Очекуваме Управниот суд да ги усвои нашите тужби и да го поништи гласањето во оспорените гласачки места, бидејќи истите влијаат врз вкупниот конечен резултат за респределба на мандатите, според прифатениот пропорционален Донтов модел на изборни количници, објануваат од партијата.

Треба да знаете
Последни објави