Пандев посакува прва радост во градското дерби на Џенова

Голем предизвик вечерва е пред искусниот макеоднски фудбалски интеранционалец Горан Пандев и неговиот тим Ценова во италјанската Серија А.  Го играат градското дерби со Сампдорија во кое ќе влезат со императив да ги освојата трите бода и да се надевата дека до крајот во преостанатите четири кола ќе обезбедат опстанок во калчолигашката конкуренција.

Пандев кој речиси целата своја интеранционална кариера ја мина во Италија, исклучок е кусиот престој во турскиот Галатасарај, има посебен мотив за овој дуел бидејќи се нема радувано на победа прптив Самдорија во градското дерби.

-Имам освоено историската триплета, имам победено во дербито на Рим и во дербито на Милано, но тоа чувство од дербито на Џенова го немам почувствувано, македонскиот репрезентаивен капитен за Скај Спорт.

-Ќе биде штета долку немам победа на ова дерби, и мислам дека ова е вистинско време за да се израдуваме на триумф. Не знам дали победа на дербито ќе ни донесе опстанок, до крајот ќе има уште три натпревари и Лече нема да се откаже од оваа трка. Сампдорија е фаворит пласманот на табелата, но секое дерби е посебна приказна. Тие се безбедни, ние сме под притисок, но имаме одиграно многу вакви натпревари и се надевам дека ќе ги направиме нашите навивачи среќни, вели Пандев.

Ветеранот на италјанскјата фудбалска сцена, 36-годишниот Пандев ја игра најдобрата своја сезона по 2008/09. Има постигнаот девет погодоци.

-Головите никогаш не ми биле на прво место, но секако дека сонувам за двоцифрен број на погодоци и обезбедување опстанок, додава Пандев.

Треба да знаете
Последни објави