Херд го негира тврдењето на Деп дека имала афера со Илон Маск

Американската актерка Амбер Хард негираше на суд во вторникот дека имала афера со шефот на „Тесла“, Илон Маск, или некој друг, додека била во брак со холивудската sвезда Џони Деп.

34-годишната актерка сведочи во Високиот суд во Лондон во име на весникот „Сан“ чиј издавач и извршен уредник се тужени од поранешниот сопруг Деп за клевета во врска со статија од 2018 година, каде го нарекуваат тепач на сопругата.

„Јас го сакав Деп но бев преплашена од чудовиштето, неговото насилно алтер его кога е под дејство на алкохол или дрога,“ рече таа во судницата, додавајќи дека таквото чудовиште било трета страна во нивниот брак.

Деп негира дека ја удрил Херд и вели дека таквите наводи се измама.

Во нејзината изјава како сведок, Херд тврди дека Деп ја обвинувал дека има афери со актери со кои била на аудиција или глумела во некои филмови, посочувајќи ги Леонардо Ди Каприо, Еди Редмајн, Џим Старгес, Кевин Костнер, Лиам Хемсворт, Били Боб Торнтон и Чанинг Татум. „Неговата љубомора завршуваше со насилство,“ рече таа.

Херд наводно разменувала текстуални пораки со Илон Маск во мај 2016 година, што било причина тогашниот сопруг да стане насилен. Таа тврди дека ѝ го повредил окото и образот кога фрлил телефон кон неа.

Треба да знаете
Последни објави