Чеченските муслимани го прогласија Стејт департментот за терористичка организација

Духовната управа на муслиманите во Чеченија го прогласи Стејт департментот за терористичка организација, откако САД воведоа санкции против чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и неговото семејство, се вели во специјалното соопштение објавено на страницата на организацијата Инстаграм.

Како што се наведува, Духовната управа на муслиманите е огорчена поради одлуката за санкции и смета дека рестриктивните мерки „биле воведени против исламот и чеченскиот народ воопшто”.

Стејт департментот го вклучи чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на „црниот список” поради неговата наводна вмешаност во кршење на човекови права.

Треба да знаете
Последни објави