По сите недоразбирања и разидинетост меѓу владејачкото мнозинство и вонпарламентарната опозиција, попладнево албанскиот Парламент со 99 гласови „за”, шест против и четири воздржани гласа ги усвои изборните реформи.
Станува збор за текст договорен на петти јуни на седница на Политичкиот совет, во кој членуваат претставници од владеачката Социјалистичка партија, вонпарламентаната и парламентарната опозиција.
Во петчасовната расправа учествуваше и премиерот Еди Рама, кој и од собраниската говорница не се откажа од предлогот за уставни измени со кои се укинуваат изборните коалиции.
– Нема отстапка од нашиот предлог за укинување на изборни коалиции,за што се потребни уставни измени, што ќе ги донесеме на седница на 30 јули, рече меѓудругото Рама.
Тој додаде дека Социјалистичката партија не ја раководи никој друг освен луѓето кои ги застапува и кога е во владата се предводи од обврските што ги има кон оваа земја, отфрлајќи ги обвинувањата дека партијата работи под диктат на странците.
-Никој не ни наредува. Слушнав дека Политичкиот совет наводно формирал глобален сојуз со САД, ЕУ, ОБСЕ/ ОДИХР и не знам кој друг. Тоа не е точно. Политичкиот совет е создаден по наша волја и СП, која има можност да ја види политичката реалност и надвор од оваа просторија. САД, ЕУ дадоа придонес затоа што Демократската партија , која сака да дојде на власт, не знае да зборува албански со Албанците, обвини Рама.
Изборната реформа, што беше договорена со посредство на странски дипломат, посебно американската амбасадорка Јури Ким, е еден од 15-те услови за почеток на преговорите со ЕУ.