Во последните 24 часа, во Црна Гора е потврден еден смртен случај и 97 новозаразени со коронавирус, од 487 тестирани примероци.
„Вкупниот број на потврдени смртни случаи поврзани со Ковид-19, од почетокот на јуни е 31“, се вели во соопштението на тамошниот Институт за јавно здравје.
Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора во моментов е 1.991.