Душан Вујошевиќ: Вучиќ ги купи водачите на навивачите и ги користи како свои фаланги

Кошаркарскиот тренер Душан Вујошевиќ, вели дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги „купил” водачите и одредени групи навивачи на Црвена звезда и на Партизан, „кон кои се однесува и и ги користи како свои фаланги”.

„Не знам дали биле и тие под фантомки кога се уриваше Савамала, но сосема е можно дека некои од нив биле таму. Можно е дека некои од нив (за време на неодамнешните демонстрации) биле во група која фрлаше кон полицијата. Тие ќе застанеа крај фонтаната, а полицијата не оди кон нив, туку ги тепаше студентите”, нагласува Вујошевиќ во интервју за неделникот „НИН”.

Говорејќи за врските на Александар Вучиќ со навивачите, Вујошевиќ рече дека Вучиќ соработувал со нив дури и кога бил генерален секретар на Српската радикална партија.

„Тој ја препозна нивната сила во новите времиња и нивната важност и на перфиден начин го усоврши до крај, назначи свои водачи и ги направи свои фаланги од навивачите”, рече Вујошевиќ.

Вујошевиќ изјави дека Вучиќ во периодот кога бил првиот вицепремиер на Владата на Србија, отишол во канцеларијата на навивачите за време на неговата посета на Партизан, а не во седиштето на Спортското здружение или во просториите на фудбалскиот или кошаркарскиот клуб.

Треба да знаете
Последни објави