Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, во изјава за ТВ 24 коментирајќи ја поканата на Али Ахмети од Хашкиот трибунал вели дека не постои пракса во која меѓународните судови наведуваат во какво својство ги повикуваат поединците.
-Тоа што господин Ахмети смета дека е повикан како сведок, можеби во неговата покана да има такво нешто, меѓутоа на официјалната страница на Хашкиот трибунал нема податок во кое својство е повикан. Во една таква ситуација, кога не знаеме, можеме само да претпоставуваме. Јас можам да кажам дека во зависност од изјавата и во зависност од тоа што трибуналот смета дека е релевантно, понатаму можеме да очекуваме какво својство ќе му определи на лицето кое што ја дало изјавата, односно на господин Ахмети, вели Николовска.