На 22.07.2020 околу 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар ВМРО настанал пожар, при што целосно било опожарено паркирано патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.И.(49) од Скопје.
Од пожарот биле зафатени уште три паркирани возила: „бмв Х5“ сопственост на Д.С.(49) од Скопје, „фиат панда“ сопственост на Т.Н.(31) од Скопје и „даеву тико“, сопственост на Г.З.(55) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а известен е и Јавен обвинител.
Се работи на расчистување на случајот.