На 22.07.2020 околу 08.25 часот било пријавено дека на влез на Железничка станица „Јане Сандански“ во Скопје, патнички воз, кој сообраќал на релација Кочани-Скопје, со предните тркала од локомотивата излегол од шините.
По излетувањето возот удрил во метален столб.
Во незгодата нема повредени лица, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.