Сите имаат видено, и Грците и нашите соседи и меѓународната заедница, дека сме подготвени да ги штитиме нашите суверени права. Нашата мобилизација беше брза и смирена, рече портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на последните активности на Турција. Пецас истакна дека денеска, два дена по издадената турска навигациска информација (Navtex), ситуацијата е стабилна, додаде дека грчката Влада ја следи со смиреност и подготвеност и потсети дека се преземени неопходните иницијативи на национално и меѓународно ниво.
-Како што од прв момент истакна премиерот Кирјакос Мицотакис, Грција се движи со самодоверба, сигурност и апсолутна подготвеност. Владата посочува дека најавувањето турски истражувања во дел од грчкиот континетален гребен со нова нелегална Navtex претставува ескалација на тензијата во регионот, рече Пецас и додаде дека истовремено тоа ја демонстрира упорноста на Турција во прекршувањата, како и занемарување на меѓународното прво.
Дополнително, истакна дека Владата испраќа порака дека „Грција нема да прифати прекршување на нејзиниот суверенитет и ќе направи сѐ што е потребно за да ги заштити суверените права”.