Поранешниот личен адвокат на претседателот на САД, Доналд Трамп, Мајкл Коен, вратен е во затвор, бидејќи одби да потпише договор за условите за куќен притвор, а не затоа што планира да објави книга во која го критикува Трамп, изјавија вчера обвинителите. Судското рочиште, на кое ќе се одлучува дали се повредени уставните права на Коен кога е вратен во затвор на 9 јули, ќе се одржи денеска.
Коен (53) во понеделникот ги тужеше службениците на сојузниот затвор, меѓу кои и главниот обвинител Вилијам Бар, истакнувајќи оти е вратен во затворот Отисвил во Њујорк, за да биде спречен да објави кнга за своите искуства со Трамп.
Коен во мај беше испратен на домашно издржување на казната со другите затвореници поради пандемијата со Ковид-19. Тој издржа една од трите години затвор, на колку што е осуден откако призна вина за обвининијата, меѓу кои за финансирање на кампања и лажење на Конгресот.