Рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје за град Скопје истекува на 17 август 2020
ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно одредените фази за имплементација на капиталниот проект ПСОВ – Скопје, во вредност од 136.000.000 евра, работи на реализација на истиот, што е доказ за заложбите за унапредување на условите за живот за сите граѓани како и инвестирањето во високо квалитетна животна средина. Во овој контекст беше објавена и Поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје. Официјалниот документ за Поканата, може да се најде на официјална платформа на Европската Инвестициона Банка https://ted.europa.eu/udl?uri=TED:NOTICE:290799-2020:TEXT:EN:HTML&src=0, и на веб страната на ЈП Водовод и канализација – Скопје www.vodovod-skopje.com.mk.
Ги повикуваме сите заинтересирани компании да аплицираат за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје. Документите за претквалификација може да се добијат во канцеларијата на Проектната единица за имплементација на Проектот за ПСОВ – Скопје, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. Лазар Личеноски бр. 9. На барање на заинтересираните страни, документите може да бидат пратени и електронски во пренослив или отворен формат. Крајниот рок за поднесување на апликациите, согласно барањата и критериумите наведени во Поканата, е 17 август 2020 година до 12:00 часот (по локално време).