Тројца починати и 123 новозаболени од Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-54, Куманово-5, Дебар-4, Штип-18, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-16, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:Скопје-23, Дебар-1, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-15, Битола-7, Гостивар-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Кичево-5, Ресен-5.

Починати се 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 55 и 61 година. Во ОБ Струмица почина пациент на возраст од 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9669, бројката на оздравени пациенти е 5145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4079. Од вчерашните тестирања, еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4466, активни 1938
• Куманово 945, активни 257
• Дебар 179, активни 114
• Штип 677, активни 349
• Прилеп 314, активни 51
• Тетово 967, активни 287
• Струга 396, активни 189
• Велес 209, активни 27
• Битола 98, активни 46
• Охрид 255, активни 104
• Кавадарци 32, активни 18
• Гостивар 337, активни 217
• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
• Струмица 31, активни 21
• Крива Паланка 22, активни 8
• Радовиш 27, активни 22
• Крушево 15, активни 10
• Кочани 90, активни 20
• Пробиштип 46, активни 27
• Демир Хисар 20, активни 18
• Македонски Брод 10, активни 6
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 12, активни 7
• Свети Николе 207, активни 192
• Кичево 109, активни 85
• Ресен 142, активни 53
• Неготино 23, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1312 теста се преку: ИЈЗ-478, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-132, Биотек-131, МАНУ -125, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Систина со PCR метода -161, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-7, ГАК-13. Досега во земјата се направени вкупно 91015 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.

Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 101 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 280
• Аеродром – 204
• Бутел – 141
• Гази Баба – 206
• Центар – 165
• Карпош – 171
• Сарај – 114
• Кисела Вода – 169
• Ѓорче Петров – 125
• Студеничани – 107
• Шуто Оризари – 108
• Арачиново – 34
• Илинден – 25
• Петровец – 23
• Чучер Сандево – 11
• Сопиште – 20
• Зелениково- 13
• Странец – 7
• Нераспределен- 15

Треба да знаете
Последни објави