Антикорупционерите бараат одговорност од директор на Агенцијата за филм, Тозија

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе покрене и иницијатива до Владата за поведување и утврдување одговорност и за в.д. директор на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, а во врска со непостапување односно прекршување на процедурите во постапките за  исплата на филмските проекти согласно Законот за филмска дејност и договорите за финансирање на филмските проекти избрани на конкурс потпишани меѓу филмските продуценти и Агенцијата за филм.

Поврзано со овој предмет се и наводите дека во филмскиот совет на Агенцијата за филм постојат ситуации на судир на интереси, за што ДКСК откако ги испитала наводите утврдила дека директорот има надлежност да именува членови на филмскиот совет, кои пак даваат мислења  по филмските проекти и кои понатаму директорот ги предлага на УО.

ДКСК ќе покрене и прекршочен платен налог за Тозија. Понатаму директорот има надлежност да именува филмски советник, а ДКСК утврдила дека меѓу пет членови на филмскиот совет се наоѓаат лица кои имаат двојно именување.

Треба да знаете
Последни објави