Во Црна Гора 97 новозаразени, почина едно лице

Во последните 24 часа, во Црна Гора е потврден еден смртен случај и 97 новозаразени со коронавирус, од 487 тестирани примероци.

„Вкупниот број на потврдени смртни случаи поврзани со Ковид-19, од почетокот на јуни е 31“, се вели во соопштението на тамошниот Институт за јавно здравје.

Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора во моментов е 1.991.

Треба да знаете
Последни објави