Претставниците на американската администрација се предупредени дека вработен во кафетеријата во Белата куќа е позитивен на Ковид-19.
Кафетеријата е привремено затворена, а вработените преку електронска пошта се известени дека е мал ризикот од пренесување на новиот коронавирус поради превентивните мерки односно носењето рајкавици и маски.
– Нема причина за паника, се наведува во писмото испратено до вработените во Белата куќа.