Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Најголема опасност за здравјето на граѓаните се токму Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Без елементарна грижа за никого и за ништо, во целиот изминат период, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано го загрозуваа здравјето на сите, не почитуваа никакви мерки за заштита, ги кршea сите протоколи, се обидуваа да го поткопаат здравствениот систем со манипулации и лажни вести.
Мицкоски одеше по теретани и кафеани кога тоа беше забрането и водеше здравствено небезбедна кампања, со што директно го загрози здравјето на граѓаните.
Ги етикетираше здравствените работници и го потценуваше нивниот труд и напор сите овие изминати месеци.
Нивниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев намерно не ги спроведуваше мерките на Владата, не казнуваше и придонесе за ширење на коронавирусот, а и тој седеше по кафеани без никаква заштита и дистанца.
СДСМ продолжува да вложува во здравството, создава ефикасен систем и ефикасна здравствена заштита, заедно со граѓаните ќе ги победиме и коронавирусот и сите опструкции.