Турција денеска назначи тројца имами за „Аја Софија“, пред првата молитва во тој објект по 86 години.
Утре ќе биде одржана првата муслиманска молитва во Аја Софија, откако од музеј повторно е преиначена во џамија. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган исто така треба да присуствува на молитвата.
Министерот за верски работи во Турција, Али Ербас, назначи тројца имами кои ќе ги водат молитвите во возобновената џамија.
Ербас за „Аја Софија“ назначи и петмина верски лица кои од врвот на минарето ги повикуваат муслиманите на молитва.
Надвор од „Аја Софија“ властите ги одбележаа местата каде на утрешната молитва ќе бидат мажите, а каде жените, а како што е најавено, настанот ќе биде обезбеднуван од 17.000 службени лица.
Во пресрет на утрешната молитва, неколку патишта до објектот се блокирани.