По три недели вчера е приведен 31-годишниот Н.Б. од Лавце кој на 1 јули пукајќи од огнено оружје го рани 40-годишникот Ш.М од Тетово. Денеска Н.Б. со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Тетово, соопшти тетовската полиција.
-Вчера во 11 часот и 45 минути, во тетовското село Лавце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.Б.(31) од ова село, поради сомнение дека на први јули, годинава околу 18 часот, на улица „Љуботенска” во Тетово, извршил кривично дело „убиство во обид”, пукајќи со огнено оружје и ранувајќи го 40-годишниот тетовец Ш.М, инфомираат од СВР Тетово.
При увидот на местото службеници на СВР Тетово подигнаа три чаури и еден проектил од автоматска пушка.