Франција ќе им подели 40 милиони заштитни маски на најсиромашните граѓани, соопшти министерот за здравство Оливие Веран. Тој за ТВ Франс 2 изјави дека бесплатните маски за еднократна употреба ќе бидат поделени на седум милиони Французи кои се на работ на сиромаштија.
Од понеделникот во Франција е задолжително носење маски во сите затворени јавни места.
Оние кои не ја почитуваат оваа мерка, се соочуваат со казна од 135 евра.