Чилеанците поради пандемијата ќе можат да повлечат до 10 отсто од пензиските фондови

Сенатот на Чиле одобри граѓаните да можат да повлечат до 10 проценти од пензиските фондови, со цел да се намалат последиците од пандемијата со Ковид-19.

„За” предлог-законот гласаа 29 сенатори, 13 се изајаснија „против” и еден беше „воздржан”. Предлог-законот сега ќе се врати во Долниот дом на пратениците, каде веќе е дадено зелено светло за негово усвојување.

Ако предлог-законот биде изгласан тогаш 10,9 милиони луѓе би можеле да повлечат до 4,3 милиони пезоси (5.400 долари) од пензиските фондови.

Слична мерка бвеше воведена во Перу во мај, кога илјадници луѓе повлекоа до 3.700 долари од пензиските фондови.

Но, против предлог-законот е претседателот на Чиле, Себастијан Пинера. Тој се изјасни против и пакет мерките за поддршка на средната класа, која вклучува и бонус од 630 долари и кредити со ниски камати од 1.900 долари.

Граѓаните на Чиле се обврзни да плаќаат 10 проценти од платата на приватните пензиски фондови, Закон донесен од покојниот диктатор Августо Пиноче.

Пензиите на голем број луѓе се намалија под минималното ниво од 301.000 пезоси (390 долари) и покрај тоа што пензиските фондови требаше да им гарантираат 70 проценти од последната плата.

На антивладините протести во октомври 2019 година граѓаните се изјаснија и против приватните пензиски фондови.

Треба да знаете
Последни објави