Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Велика Британија и Северна Ирска Рејчел Галовеј. Во фокус на работниот состанок беа вонредните парламентарни избори кои се спроведоа во државата , како и активностите кои треба да се преземат по нивното завршување.
На средбата Министерот Чулев изрази голема благодарност до амбасадорката Галовеј за исклучителната соработка за време на неговиот мандат во извршување на функцијата- министер за внатрешни работи.
Двете страни заеднички се согласија дека во иднина во министерството за внатрешни работи е потребно продолжување на реформските процеси, како важен сегмент во евроинтегративниот процес на државата.