Kоневски ќе го тужи Стоилковски

Поранешниот градоначелник на Аеродром, Ивица Коневски најави тужба против портпаролот на ВМРО- ДПМНЕ, Наум Стоиловски, кој на Фејсбук објави дека неговиот сопартиец добил 350 м2 деловен и станбен простот во новата зграда кај Мајчин дом за да не збори против Зоран Заев.

-Против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски ќе поднесам тужба за изнесените лаги и клевети и тој за многу кратко време јавно ќе се извини. Мицкоски, ти порачувам уште еднаш дека сите овие лаги и манипулации нема да те спасат од заминување, рече Коневски.

Тој претходно денеска побара смени во ВМРО-ДПМНЕ, по што доби одговор од другиот портпарол на партијата, Димче Арсовски, на кој Коневски исто такa возврати.

Треба да знаете
Последни објави