Предводен од хрватскиот фудбалски стручњак, Славен Билиќ, тимот на Вест Бромвич Албион обезбеди директен пласман во англиската Премиер лига за новата сезона. ВБА беше исфрлен од Премиер лигата во 2017/18 година. Минатата сезона тимот заврши на 4.место во Чемпионшип, но не успеа да го помине плеј-офот.
Првото место и директен билет во Премиер лигата претходно обезбеди Лидс за кого настапува македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.
Брентфорд, Фулам, Кардиф и Свонси ќе учествуваат во плеј-офот за третото место кое носи пласман во елитната дивизија.
Од втората по квалитет фудбалска лига во Англија, испаднаа Виган, Чарлтон и Хал сити.