Бројот на умрени од Ковид-19 во Иран веќе надмина 15.000, соопштија денеска здравствените власти, додека земјата се бори да ја стави под контрола најсмртоносната епидемија на Блискиот Исток.
-За жал, во последните 24 часа изгубивме 221 наши драги сонародници од болеста Ковид-19, соопшти на државната телевизија портпаролката на Министерството за здравство, Сима Садат Лари.
Вкупниот број на умрени во Исламската Република сега изнесува точно 15.074.
Од крајот на јуни Иран се соочува со зголемување на инфекциите и смртните случаи, објавувајќи го во вторникот највисокиот еднодневен раст на смртноста – 229, од почетокот на објавувањето на своите дневни извештаи, во февруари.
Лери ги повика Иранците да ги избегнуваат сите непотребни патувања, затворени простории и големи собири за да помогнат во запирањето на ширењето на вирусот.
Таа додаде дека во последните 24 часа биле потврдени уште нови 2.621 случаи на заразени со коронавирус, што доведува до вкупно 284.034 инфицирани лица во земјата.