Француски војник е убиен утрово во Мали во пресметка со екстремисти, соопшти Елисејската палата, пренесуваат британските медиуми.
-Војникот беше убиен во борба со вооружени терористички групи, откако неговото возило нагази на противтенковска мина, рече портпаролот на францускиот претседател Емануел Макрон.
Како дел од меѓународната борба против исламските екстремисти, Франција испрати околу 5.000 војници во регионот Сахел, во западна Африка.