Единаесет обвинети денеска добија казни за групно силување на 18-годишно девојче во Фрајбург, во јужна Германија, по судењето што траеше повеќе од една година.
Максималната казна е пет години и шест месеци затвор, рече претседателот на судскиот совет. Силувањето се случило во октомври 2018 година, кога мажите, претежно бегалци, во тоа време биле на возраст меѓу 18 и 30 години.
Прогласени се за виновни за силување на 18-годишната студентка пред ноќен клуб и затоа што не и пружиле помош за време на сексуалниот напад, што траел два и пол часа.
Бегалците ги негираа обвиненијата или одбиваа да зборуваат.
Обвинителите побараа затворски казни за осуммина обвинети, кои беа притворени за време на судењето, условни затворски казни за други двајца, кои не и помогнале на младата жена, и ослободителна пресуда за последниот обвинет.
Адвокатите на одбраната бараа ослободителна пресуда за сите 11 обвинети имигранти.