Горан Крстевски во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик во кариерата. Крстевски се сели во Романија, откако потпиша договор со тимот на Фочани.
Организаторот на играта потекнува од Ресен, а се промовираше во Автокоманда во дресовите на Металург 2 и Металург.
Настапуваше и за битолски Еурофарм Пелистер, пред лани да замине во странство. За сениорската репрезентација запиша девет настапи.