На 22.07.2020 во 19.40 часот во с.Дебреште, прилепско, додека А.А.(27) од с.Дебреште управувал трактор „имт-539“, без регистарски таблици, од тракторот паднало шестгодишно дете, кое се превезувало со него.
Повреденото дете било пренесено во Градска болница Прилеп каде што лекар констатирал смрт. Увид извршила екипа Полициската станица Прилеп во присуство на Јавен обвинител.